Достапни линкови

Тачи негира трговија со органи


Прес конференцијата во Приштина на косовскиот премиер Хажим Тачи

Прес конференцијата во Приштина на косовскиот премиер Хажим Тачи

Меѓународните институции побараа да се спроведе истрага за обвинувањата изнесени во извештајот на известувачот Дик Марти за трговија со органи во Косово. Косовскиот премеир Хашим Тачи ги негираше обвинувањата и тврди дека извештајот има за цел да му наштети на Косово и нему лично

Комисијата за политички прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска во Париз едногласно го усвои извештајот на известувачот Дик Марти за трговија со човечки органи на Косово.
Во Извештајот косовскиот премиер е обвинет дека бил водач на групата Дреница, која кон крајот на деведеттите години се занимавала со шверц на човечки органи, дрога и оружје.
Расправата за извештајот е закажана на 25-ти идниот месец.
Известувачот на Советот на Европа Дик Марти денеска во Париз изјави дека она што шокира од неговиот извештај е тоа што луѓето молчат за фактите во него.
Тој додаде дека нема да има мирен соживот меѓу различните заедници во земјата доколку, како што вели, и понатаму се преправаме дека не знаеме што се случило.
Известувачот на Советот на Европа Дик Марти на денешната прес конференција во Париз

„Мислам дека обезбедивме доволно материјал за праведна, детална, сериозна и независна истрага, но над се ние мора да создадеме услови за клучните сведоци да зборуваат за тоа. Затоа што тоа е проблем. Во сегашните услови тие нема да зборуваат бидејќи нивните животи не се заштитени.“
изјави Дик Марти.

За извештајот се огласи и претседателот на Советот на Европа Торнбјорн Јангланд кој денеска во Стразбург изјави дека тоа што го прочитал содржи голем број сериозни обвинувања и дека загрижен за последиците.
Тој додаде дека овие обвинувања не треба да останта неодговорени.


Јангланд истакна дека разговарал со меѓународните надлежни институции за спроведување на детална истрага која ќе ја покаже вистината.

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска ги негираше обвинувањата.
Тачи изјави дека извештајот на Дик Марти има за цел да му наштети на Косово, на поранешното ОВК и нему лично и го оцени како „полн со лаги и невистини, со скандалозни констатации и неточни оценки“.

„ Вистината и правдата се на наша страна “ изјави Тачи.

Тој додаде дека косовските институции се отворени за соработка за истрага во врска со обвинувањата и смаиот повика да се спроведе под итно меѓународна и домашна истрага.
Тој додаде дека ќе ги употреби сите легални и политички инструменти за да се справи со ситуцијата.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG