Достапни линкови

Индија и Кина договорија трговска размена во износ од 100 милијадри долари


Индија и Кина денеска договорија билатерална трговска размена од 100 милијарди долари до 2015-та година што е за речиси двојно повеќе од досегашната трговска размена.Договорот доаѓа по денешната средба во Њу Делхи на кинескиот премиер Вен Џиабао со неговиот колега Манмохан Синг. Владини претставници и бизнисмени од двете земји потпишаа 6 договори во вредност од 16 милијарди за време на тридневната посета.
XS
SM
MD
LG