Достапни линкови

Шацирмакакис: Потребно е да се најде решение за името


Германскиот европратеник и претседател на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Македонија, Јоргос Шацимаркакис денеска во Стразбур изјави дека откако не е доделен датум за почеток на преговори сега останува да се „чека“ затоа што сите знаат дека е потребно да се најде решение за името.Тој изрази загриженост за Македонија, поради тоа што таа не доби датум за почеток на преговори , како што вели „на сите напори кои беа направени од народот, не беше одговорено од Владата во Скопје, но, за жал, не беше одговорено и ниту од другите влади во Европа. Шацимаркакис ја посоветува Владата во Скопје „да ги исполни и зачува сите европски вредности и критериуми од Копенхаген“.
XS
SM
MD
LG