Достапни линкови

Уапсено семејство на ирански режисер


Иранските власти денеска го уапсија семејството на режисерот Мухамед Ноуризад кој е осуден за ширење пропаганда против власта и навреда на иранските лидери, јавуваат новинските агенции.Опозициски веб сајт објави дека сопругата на режиесрот, неговите деца и родители се во притвор откако се забележани како пред затворот каде тој издржува 3 и пол годинишна казна затвор се распрашуваат на неговото здравје. Иранските власти до сега уапсија голем број новинари, блогери и режисери кои се спротивставија на казнувањето на демонстрантите од постизборните протести во 2009-тата година
XS
SM
MD
LG