Достапни линкови

logo-print

Дневен печат


Весници, магазини, неделници, печат...

Весници, магазини, неделници, печат...

Интерпелацијата за министерката Канческа-Милевска, аферите Надеж, Перо Наков и Патриотска метла, буџетот... Главни теми во дневните весници.

Една афера трае три дена или додека не ја замени друга. А може и истата афера по извесно време притаеност повторно да излезе на виделина, збогатена со нови елементи. И така, стануваме општество што живее од афери.
Патриотска метла удри по тројца раководители.

Значи, случајот Патриотска метла- втор пат. „Канческа-Милевска не смеела да прима пари“ и „Патриотска метла удри по тројца раководители“, насловува Дневник во врска со случувањата во Министерството за култура околу проектот Скопје 2014.

„Канческа се брани-не земала хонорари“ и „Од небрежност уништена тендерска документација“, насловуваат Утрински и Нова Македонија.


Вечер информира дека семејството на министерката Канческа преку телефон примало навреди и закани, дека министерката ги демантира обвиненијата дека како државен секретар земала хонорари како член на комисии за избор на идејните решенија за Скопје 2004 и дека му поднесла кривична пријава за изнесување лаги и невистини на Игор Ивановски од СДСМ.
Пролетен ветрец, а не зимска вкочанетост ги зафатил надлежните инстанци за справување со корупцијата и организираниот криминал.

Во врска со последните акции за расчистување на аферите Перо Наков бб, Надеж и Патриотска метла, весникот Нова Македонија изнесува впечаток дека „Пролетен ветрец, а не зимска вкочанетост ги зафатил надлежните инстанци за справување со корупцијата и организираниот криминал“, но во истиот текст наведува многубројни примери за финансиски криминал и крупција кои биле почнати, но не добиле судска разврска поради недејствување на Државното обвинителство.

Во врска со расправата во Собранието за негово самораспуштање и распишување предвремени избори, како што побара СДСМ, Време забележува: „Тешки обвинувања во Собранието“ и дека „Груевски владее диктаторски“.

Дневник пишува: „СДСМ упорно бара избори, ВМРО-ДПМНЕ не дава“ и од дискусиите на владејачкото мнозинство вади поента дека „барањето е обичен блеф на Бранко Црвенковски“.

Метла за снегот, но не патриотска

Вечер го цитира премиерот Груевски кој „им порача на социјалдемократите да не го спуштаат нивото на дебатата за избори“, а во насловот пишува: „Груевски: Кој последен се смее, најслатко се смее“.

Речиси сите медиуми во земјава ги објавуваат најавите од Брисел дека за Македонија повторно нема да има датум за преговори за членство, потсетувајќи дека државава е веќе петта година во чекалницата за почеток на преговорите.
Спомениците ги прегазија патиштата.

Утрински, во врска со усвојувањето на буџетот за 2011 година, коментира дека тоа е „Буџетски инжинеринг“ и прашува како Владата планира да собере над 2 и пол милијарди евра од осиромашените граѓани и од анемичното стопанство заглавено во долгови и во неликвидност.

Време насловува: „Спомениците ги прегазија патиштата“ и забележува дека за опозицијата овој буџет е во функција на проектот Скопје 2014, додека Министерот Ставрески се правдал дека бил развоен.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG