Достапни линкови

logo-print

Иницијатива за уставни измени за двојно државјанство


Министерот за правда Михајло Маневски денеска изјави дека во процедура е иницијативата за измена на Уставот на Македонија, со која се предвидува двојното државјанство веќе да не биде пречка за гонење на сторителите на кривични дела. Тој додаде дека со измненит, лицето кое сторило кривично дело нема да може да ја избегне казнената одговорност поради поседување двојно држзвјанство. Маневски изјави дека по измените на Уставот, се очекува Македонија да потпише билатерални договори со Хрватска, Србија, Црна Гора, а во фаза на парафирање се и три договори за соработка со Косово во пружање на правна помош, во соработка со екстрадицијата и трансфер на осудените лица.
XS
SM
MD
LG