Достапни линкови

Тутунарите од прилепско Десово го бојкотираат откупот на тутун поради ниските цени. Велат, не дозволуваат некој да си игра со нивната мака.

Џемо Џатовиќ е долгогодишен тутунопроизводител од прилепското село Десово. Тој и неговото деветчлено семејство цела година обработуваат тутун, се мачат со децата како што вели по нивните од утро до мрак, но сепак со радост, со труд и надеж дека по предавањето ќе се офајдат. Ќе ги платат долговите, ќе ги намират сметките, ќе ги платат учебниците, а ќе ги
Ланска година ни приближно не беше со квалитетот, со овој сега што го носиме, сигурно со 30 до 40 отсто поквалитетен тутун носиме.
израдуваат и децата за Нова година. Но, наместо тоа, годинава домаќинот на семејството Џатовиќ одлучи да го бојкотира откупот. Вели откупните цени се навредливи за вложениот труд и нема да дозволи никој да се поигрува со нивната мака.

„Дваесет, триесет отсто... се замина. Нашата кошница за 4 члено семејство е може и 15.000 денари, а нас ни даваат да не можеме да преживееме. Јас како 9 членa дома има тутун и со што ќе преживеам јас“, вели Џатовиќ.

Со истите маки се соочуваат и останатите тутунари од Десово. И тие стојат на ставот дека нема да го предаваат тутунот, зашто откупните цени се многу ниски. Велат дека родот им се проценува за две класи подолу, во однос на минатата година, кога им се откупуваше целата реколта по цена од 200 денари.

„Му даваат двојка која е 162 денари, му даваат А3 која е 124 денари, просекот не може да достигне до 145 денари.“

„Ланска година ни приближно не беше со квалитетот, со овој сега што го
Тутунарите нема да го даваат тутунот, ако треба ќе го чуваат и нема да им го дадеме на откупните
претпријатија.
носиме, сигурно со 30 до 40 отсто поквалитетен тутун носиме“, се жалат и Феџим Билак и Џигал Метко.

Но, не само во Десово, тутунарите го бојкотираат откупот на тутунот од годинешната реколта на сите откупни пунктови во прилепско. Дел од откупувачите кои имаат лиценца за откуп ги отворија вратите за годинешната кампања, а дел се очекуваат тоа да го направат што поскоро, зашто законскиот рок е 15 декември.

„Тутунарите нема да го даваат тутунот, ако треба ќе го чуваат и нема да им го дадеме на откупните претпријатија. Доколку уште една средба не одржиме заедно со откупувачите и со Министерството, јас верувам дека многу тешко ќе биде. Откуп нема, макар што знаеме дека нашиот тутунопроизводител е најсиромашниот и мора да го сади тутунот, меѓутоа ќе издржи, издржал 12 месеци ќе издржи уште“, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.

Производителите бараат регуларна проценка по класи, и според нивните пресметки, просечната откупна цена треба да биде повисока од ланската.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG