Достапни линкови

Асанж е ослободен со кауција


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж ќе излезе од притвор со кауција. Британскиот суд денеска ја отфрли жалбата на обвинителите. Неговиот адвокат соопшти дека се очекува во текот на денот или најдоцна утре Асанж да излазе од затвор.Понискиот суд во Британија во вторникот донесе одлука дека Асанж може да биде ослободен со кауција, но обвинителството поднесе жалба на таквата одлука. Асанж беше уапсен пред 10 –тина дена по меѓународна потерница од Шведска за сексуално насилство.
XS
SM
MD
LG