Достапни линкови

Усвоен извештајот за нелегална трговија со човечки органи во Косово


Комисијата за политички прашања и човекови права на парламентарното собрание на Советот на Европа денеска во Париз едногласно го усвои извештајот на известувачот Дик Марти за трговија со човечки органи на Косово. Расправата за извештајот е закажана на 25ти идниот месец.
Комсијата побара да биде спроведена истрага за наводите во извештајот.Во извештајот на Марти е наведено дека косовскиот премиер Хашим Тачи бил поврзан со криумчарење оружје, наркотици и човечки органи. Во меѓувреме Тачи се консултира со правните советници дали да покрене тужба против Марти.
XS
SM
MD
LG