Достапни линкови

Наместо просперитет, сиромаштија


Скопје
Скопје

Македонија се соочува со 31 отсто сиромашни, односно 323 илјади невработени. Луѓето се жалат дека едвај преживуваат.

И додека Балканот полека се движи напред, во Македонија секој трет граѓанин е сиромашен. Зголемената стапка на сиромаштија од 31 процент, оди паралелно со бројката од 323 000 невработени. Но, наместо нови работни места, се градат споменици.
Наместо економски раст и просперитет, гледаме незадоволни и несреќни граѓани.
Од пензиите наши живеат децата, тоа го нема никаде.


„Не може никој да опстане тука денеска, катастрофа сме.“

„Од пензиите наши живеат децата, тоа го нема никаде.“

„Земав кратко време социјална помош 2000 денари, што ќе правиме со тие пари дали вода или струја да платиме. Пет луѓе сме во семејството.“

„Тешко е, пензиите се мали, платите никакви.“

„Тешко да издржи едно семејство од четири члена, ако треба да платат и вода и струја и храна.“
Пензионерите ги издржуваат младите, јас сум еден од тие случаи, имам факултетски образовани деца кои најверојатно од Завод за вработување ќе дочекаат пензија.


Луѓето се жалат дека наместо нови работни места се градат споменици
„Пензионерите ги издржуваат младите, јас сум еден од тие случаи, имам факултетски образовани деца кои најверојатно од Завод за вработување ќе дочекаат пензија.“

Власта, пак, се правда дека постојано работи. И тоа во насока на овозможување подобар живот за граѓаните. Надлежните прават кампањи, изготвуваат акциони планови, подготвуваат стратегии за решавање на актуелните проблеми, но резултатите ќе треба да ги почекаме. Виновна била светската економска криза и нерешениот проблем за името со Грција.

Во меѓувреме, од Министерството за труд и социјална политика не уверуваат дека активно работат на намалување на степенот на сиромаштија во земјата. Исклучително важно е, велат од таму, што во земјава има отворено преку 30 народни кујни.


„Во тој контекст имаме побарување од руралните средини и сега сме во преговори со локалните самоуправи за да се најдат начини околу дистрибуцијата, инаку морам да кажем дека ова околу 62 милиона денари на годишно ниво не чини“, изјави Душко Миновски, државен советник во ресорното министерство.

Но реалноста не е розева. Миновски го прашавме дали мерките кои се преземаат ги постигнуваат саканите ефекти? И колку од тоа што е напишано на хартија, се спроведува во праксата?

Сите категории на социјално загрозени лица редовно добиваат одредена социјална помош, одговара Миновски. Сепак, открива дека во последно време се повеќе бараат помош од локалната самоуправа и приватните бизнисмени.

„Мораме да работиме со познати бизнисмени итн., самата локална самоуправа значи во контекст на онаа општествена одговорност.“

Според податоците на Државниот завод за статистика, најсиромашни се повеќечлените домаќинства со пет или повеќе членови. Стапката на сиромаштија кај невработените е најголема и изнесува над 40 проценти, а 56 проценти од сиромашните лица живеат во семејства каде носителот на домаќинството нема или има завршено само основно образование.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG