Достапни линкови

Конференција за превенција на корупцијата во полицијата


Во организација на мисијата на ОБСЕ и на американската амбасада во Македонија, денеска и утре во Маворво ќе се одржи регионална конференција за единиците за внатрешна контрола при ресорите за внатрешни работи посветена на темата: „Превенција и репресија на корупцијата во полицијата“. На конференцијата ќе учествуваат претставници на секторите за внатрешна контрола на полициите од земјите на регионот Македонија, Албанија, Србија, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
XS
SM
MD
LG