Достапни линкови

Тужба против Бритиш Петролеум за нафтената катастрофа


Американските власти го тужат Бритиш Петролеум и уште осум компании за нафтената катастрофа во Мексиканскиот Залив. Властите бараат, компаниите да ги сносат сите трошоци за чистење и да надоместат за сите штети, вклучително и тие на природните ресурси.
Во експлозија на нафтена платформа на Бритиш Петролеум во април во Мексиканскиот Залив загинаа 11 работници. Излевањето на нафтата ја предизвика најголемата еколошка катастрофа во САД. Тужбата е поднесена пред судот во Њу Орлеанс.
XS
SM
MD
LG