Достапни линкови

Охрид се подготвува за Нова Година


Од минатогодишниот новогодишен амбиент Охрид

Од минатогодишниот новогодишен амбиент Охрид

Годинава Охрид поскромно ќе ја пречека Новата година. Иако очекувањата не се најоптимистички, се очекуваат домашни гости и туристи од регионот.

Со снежната покривка и шарените светливи украси во градот, кои се уште се кити низ центарот, езерскиот кеј и периферијата, Охрид се подготвува за дочекот на Новата 2011-та година. Иако очекувањата не се најоптимистички, со оглед на целокупната ситуација, сепак и годинава најголемиот туристички
Охрид секогаш е атрактивен како туристичка дестинација и во лето и во зима. И годинава за Нова Година, интересот е доста голем, нормално послабо е од минатите години, своето си го направи кризата. Досега капацитете се исполнети околу 50 отсто.
центар во државава за празниците ќе биде посетен најмногу од домашни, а ќе има и странски гости.

„Охрид секогаш е атрактивен како туристичка дестинација и во лето и во зима. И годинава за Нова Година, интересот е доста голем, нормално послабо е од минатите години, своето си го направи кризата. Досега капацитете се исполнети околу 50 одсто. Хотелите оваа година малку ги намалија цените. Цените за дводневен и тридневен аранжман се движат од 100 до 210 евра, зависно од категоријата на хотелот. Рестораните дочекот го продаваат од 20 до 50 евра, зависно од типот на ресторанот и менито. Гости и оваа година очекуваме од соседните земји, најмногу од Бугарија, Србија и Албанија, ќе има и од Словенија и Хрватска, а ново е тоа што повторно се враќаат и туристите од Грција“, вели Олег Маленко сопственик на туристичка агенција од Охрид, што ги продава новогодишните аранжмани и угостител.

Пониски цени од ланските и до 10 евра нудат ноќните клубови, барови и дискотеки, каде дочекот е од 900 до 1800 денари, а првојануарската забава во рестораните е до 20 евра. По традиција како и изминатите години прослава на највеселата ноќ ќе има и под отворено небо на централниот градски плоштад Свети Климент Охридски, дење со Дедо Мраз кој треба да пристигне со падобран како вистинска атракција за децата, попладне со програма за младите, а
Парите наместо да ги дадеме за половина или еден час за настап некому, решивме и ќе ги поделиме на социјални случаи во Охрид, на околу 200 семејства, кои ќе добијат по еден пакет со храна и други производи.
вечерта со музиката на Аренси бенд и други групи и млади изведувачи, со можно изненадување и огномет на полноќ.

Локалната самоуправа што ја организира забавата одлучи да не троши многу пари за носење на големи музички естрадни звезди, поради кризата и сиромаштијата во која живеат повеќето од граѓаните.

„Одлучивме да поминеме скромно, но сепак да биде весело со убав дочек на Нова Година. Охрид повторно ќе биде украсен многу убаво, декорирањето сега се довршува, и повторно ќе биде весело на плоштад. Парите наместо да ги дадеме за половина или еден час за настап некому, решивме и ќе ги поделиме на социјални случаи во Охрид, на околу 200 семејства, кои ќе добијат по еден пакет со храна и други производи, и тие во нивните домови убаво да ја пречекаат Новата Година“, вели Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

Со дочекот на Новата Година, во Охрид почнува зимската туристичка сезона, што продолжува со Божик, Василица-Стара Нова Година и кулминира за празникот Водици и Свети Јован-Денот на рибарите.
XS
SM
MD
LG