Достапни линкови

Ѓукановиќ негираше дека утре ќе си даде оставка


Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска демантираше дека утре на седница на Владата ќе поднесе оставка, но не одговори дали тоа ќе го стори до крајот на годината.
Црногорските медиуми претходно јавија дека Ѓукановиќ ќе се повлече од функцијата до крајот на декември, откако Црна Гора ќе добие статус на кандидат за членство во Европската унија.Според медиумите се очекува Ѓукановиќ на премиерската функција да го наследи потпретседателот на Владата и министер за финансии Игор Лукшиќ.
XS
SM
MD
LG