Достапни линкови

Над 700 луѓе уапсени во Русија


Руска полиција на висока подготвеност за најавените немири

Руска полиција на висока подготвеност за најавените немири

Московската полиција соопшти дека денеска уапсила над 700 луѓе за да ги спречи меѓуетнички судири кои беа најавени. Потпаролот на полицијата Виткор Бирјуков изјави дека над 400 луѓе се уапсени на железничката станица со помош на илјада полицајци.Полициски сили денеска блокираа делови на Москва поради можните етнички судири. Најголемото ултра-националистичко движење ги повика своите следбеници денска да се соберат во центарот на Москва, на тепачка со бандите од руските муслимански републики. Ултра-националистите од Движењето против илегална имиграција ги предупредија жените и децата да останат дома. Етничките тензии се зголемија откако беше претепан до смрт еден навивач на Спартак.
XS
SM
MD
LG