Достапни линкови

Ал Каеда планира терористички напади за Божиќ во САД и Европа


Ал Каеда планира планира самоубиствени бомбашки напади во САД и Европа за време на божиќните празници. Ова денеска го изјавија ирачкиот министер за внатрешни работи Јавад ал Болани и шефот на ирачката дипломатија Хошуар Зебари повикувајќи се на признание на уапсени припадници на Ал Каеда. Болани изјави дека минатонеделниот напад во Стокхолм бил меѓу планирените напади на Ал Каеда за кои признале бунтовниците. И двајцата министри потврдија дека Ирак за оваа закана ги извести Интерпол, властите во САД и европските земји кои се спомнати како можни дестинации за терористички напади.
XS
SM
MD
LG