Достапни линкови

logo-print

Македонија, транспортно изолирана


Домашните стопанственици се жалат дека поврзувањето на Македонија со останатите земји е прескапо поради лошите инфраструктурни решенија.

Македонија е транспортно изолирана, се жалат стопанствениците. Додека во земјава, претставници на пристаништа и ги презентираат своите услуги на македонската бизнис заедница, фирмите се жалат дека поврзувањето на Македонија со пристаништата и воопшто со светот е прескапо.

„Ние не сме задоволни од транспортните решенија на Македонија. Македонија е транспортно изолирана земја. Кога го зборувам ова мислам на авиосообраќајот, на бродскиот, на железничкиот и на камионскиот сообраќај“,
Ние не сме задоволни од транспортните решенија на Македонија. Македонија е транспортно изолирана земја. Кога го зборувам ова мислам на авиосообраќајот, на бродскиот, на железничкиот и на камионскиот
сообраќај.
вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.

Потребно е да се создадат коридори до пристаништата во Бар и во Бургас, вели тој и продолжува со забелешки за железничкиот сообраќај:

„Треба да се вклучи во системот на европските железници за да можат малите и средни претпријатија да го користат многу почесто отколку камионскиот, затоа што во принцип железничкиот сообраќај треба да е за половина поевтин од камионскиот, но денеска тоа не е така.“

Дополнителни проблеми за македонските увозници и извозници им создава состојбата во соседна Грција. Деновиве поради
Кога имате транспорт со железница вие ќе можете да ја донесете стоката од пристаништето до Софија, а после од Софија до Скопје имате голем проблем заради тоа што коридорот 8, особоено железничкиот сообраќај е не
изграден.
протести и шртрајкови, солунското пристаништње беше блокирано. Врската со ова пристаниште, според упатените, е незаменлива, но во вакви услови мора да се бараат алтернативи. Извршниот директор на Бугарското пристаниште Лом Константин Костадинов вели дека цените кои тие ги нудат за поморскиот сообраќај се поволни. Запрашан како нивната понуда ќе ги „премости“ инфраструктурните проблеми за поврзување на Македонија со Бугарија, директорот одговара:

„Продолжената маршрута преку Југославија доста ја зголемува цената, а со тоа и загубите од превозот кон Македонија. Согласно статистиката, за Македонија се интересни две бугарски пристаништа: во Бургас и Лом, поради најниските патни расходи. Мислам дека во тој правец, со изградбата на железничка врска, ќе се намалат трошоците.“

Штрајк на пристаништето во Пиреја на 20 мај 2010

Бугарија не може комплетно да ја замени врската со солунското пристаниште, посочува Карло Змајсек од групацијата на шпедитери при Стопанската Комора на Македонија. Сепак, пристаништата Бургас и Лом се добра алтернатива, додава тој, но проблемот е во инфраструктурата во Македонија.

„Кога имате транспорт со железница вие ќе можете да ја донесете стоката од пристаништето до Софија, а после од Софија до Скопје имате голем проблем заради тоа што коридорот 8, особоено железничкиот сообраќај е неизграден, нема железничка пруга со Бугарија и вие морате да одите од Софија до Ниш, па од Ниш надолу и ги зголемувате транспортните трошоци на околу 120 до 150 илјади километри и тогаш веќе цената е можеби во прилог на камионскиот превоз и математиката посебно за масовен товар, се намалува.“
XS
SM
MD
LG