Достапни линкови

logo-print

Загаден воздух


Сообраќаен хаос во Куманово

Сообраќаен хаос во Куманово

Како и останатите поголеми градови во државата, и Куманово се соочува со проблемот на загаден воздух. Како до здрава животна средина?

Во Куманово годишно се регистрираат околу 30 илјади патнички моторни возила, од секакви видови. Неконтролирано се користат мотори за сечење дрва, моторцикли, се пали огин без при тоа да се води сметка за загадување на воздухот. Бучавата на најфреквентните места во градот е висока, но и за тоа се чини никој не води сметка. Здравјето на луѓето се повеќе е изложено на најразновидни ризици.
Мерењата сеуште се во обработка, но најверојатно на некои места на фреквентни раскрсници можно е во одредени периоди кога во зимско време е зголемена облачноста и влажноста загадувањата да се зголемени. Затоа ќе биде неопходно да се растоварат некои
места.


Д-р Глигор Манов од Центарот за јавно здравје вели дека последните две години се врши и проценка на здравствен и еколошки ризик на хигиенскиот квалитет на воздухот, се следат лебдечки честички, чадот, сулфур диоксид, јаглен моноксид, олово... Аероседиментот се мери на 4 мерни места во градот, а штетното влијание на бучавата во комуналната средина се врши на пет места. Добиените резултати се испраќаат во Националниот институт за јавно здравје од каде пак би требало да се преземаат соодветни мерки и се даваат упатства за надминување на оваа состојба.

РСЕ: Какви се вашите сознанија, дали Куманово е дел од загадените градови во државава?

„Мерењата се уште се во обработка, но најверојатно на некои места на фреквентни раскрсници можно е во одредени периоди кога во зимско време е зголемена облачноста и влажноста загадувањата да се зголемени. Затоа ќе биде неопходно да се растоварат некои места“, вели д-р Манов.

Во некои земји многу одамна законски е регулирано гасење на моторите кога возилата не се во движење.

„Во некои земји тоа е регулирано со закони. Дури има земји каде граѓаните и самите ќе можат да го видат степенот на загаденоста на воздухот или бучавата. За тоа е потребно и подигање на свеста на возачите, културата на живеење.“

Д-р Манов додава дека во Куманово, со постоечката инфраструктура, со тесните грла во сообраќајот можеби е неопходна законска регулатива да се гасат моторите, но препорачува одговорност и од секој граѓанин.

„Внимава колку загадува, интересот е заеднички.“

И според граѓаните воздухот не е чист.

„Не е чист воздухот, имаме загадена Липковска Река, а воздухот од издувни гасови, не е баш чист.“
Повеќе има автомобили отколку пешаци, и тоа се по
еден се вози. Сиромаштија!


„Сигурно дека е загаден воздухот.“

„Повеќе има автомобили отколку пешаци, и тоа се по еден се вози. Сиромаштија!“

За гасење на моторите на возилата граѓаните со поделени мислења:

„Не можат да ги гасат.“

РСЕ: На кој начин начин може да се зачува здрав воздух, во некои земји возачите ги гасат моторите?

„Да. Кај нас не, издувни гасови, коли на нафта, моторчиња за сечење дрва.“

РСЕ: Се одразува ли тоа на здравјето?

„Јас ноќе имам шлајм, гарежи од воздух, а никогаш не сум бил пушач, ми се сушат устите.“

По обработката на податоците, според д-р Манов од Институтот за јавно здравје, упатствата до локалната самоуправа, но и до граѓаните ќе пристигнат, оти во заеднички интерес е непотребно да се загадува воздухот и да се нарушува здравјето, најголемото богатство на човечкиот род.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG