Достапни линкови

logo-print

Излечен од ХИВ вирусот со трансплатација


Необична трансплатација на крв излечила Американец што бил заразен со Хив вирусот. Станува збор за 40 годишен човек кој живее во Берлин. Во медицинското списание „Крв“ пишува дека пред три години на пацинетот му била извршена трансплатација на крвни матични клетки за да се излечи од леукемија. По три години во неговата крв немало повеќе присисутво на Хив вирусот а бил излечен и од леукемијата. Докторите велат дека случајот покажал дека може да се лекува хив вирусот, но е многу ризично тоа да стане стандарна терапија
XS
SM
MD
LG