Достапни линкови

Убиства како од „Дивиот запад“ во Шпанија


Шпанската полиција соопшти дека уапсила маж осомничен за денешното убиство на четири лица во североисточниот дел на земјата. Во полициското соопштение е наведено дека осомничениот утрово влегол во бар со пушка и убил две лица а потоа влегол во банка каде убил уште две. Шпанските медиуми јавуваат дека се претпоствува оти осомничениот бил вработен во градежната фирма на еден од убиените.
XS
SM
MD
LG