Достапни линкови

Друцас:Решение за спорот со името па пристапни преговори


Грција е задоволна од заклучокот на министерскиот Совет на ЕУ во врска со Поранешната југословенска република Македонија. Ова го изјави грчкиот министер за надворешни работи Димитрас Дуцас по вчерашниот состанок во Брисел. Тој додаде дека Атина ја поддржува евроинтеграцијата но за да може да се зборува за отварање на пристапните преговори неопходно е да се реши спорот со името. Друцас изрази надеж дека раководството во Скопје ќе ги промени позициите и наскоро ќе биде постигнат напредок во преговорите за заедничко прифатливо решение.
XS
SM
MD
LG