Достапни линкови

Асанж останува во притвор додека судот не ја разгледа жалбата


Британскиот суд утре ќе ја процесуира жалбата за ослободување со кауција за основачот на интернет страницата Викиликс Џулијан Асанж. Судот вчера одобри кауција за Асанж во износ од 316 ијади долари , но шведските власти поднесоа жалба за одлуката. Асанж ќе остане во притвор додека британскиот суд донесе конечна одлука за поднесената жалба. Асанж е во притвор една недела поради распишаната меѓународна потерница од Шведска за сексуално насилство.
XS
SM
MD
LG