Достапни линкови

Во Скопје состанок на земјите од Јадранската повелба. Македонија да ja потврди НАТО ориентацијата, советуваат експертите.

Министрите за надворешни работи на земјите потписнички на Јадранската Повелба денеска во Скопје разговараат за прашањата поврзани со евроатланската интеграција на земјите од регионот по Самитот на НАТО во Лисабон. Се разговара и за заложбите на овие земји за стабилноста на Авганистан, а состаноот кој сеуште трае треба да резултира со заедничко комунике кое ќе го усвојат министрите. На состанокот учествуваат министрите за надворешни работи од земјава, од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и преставник од амбасадата на Соединетите држави во Македонија. Од министерството за надворешни работи велат дека во духот на отвореност и инклузивност на Повелбата, на состанокот во својство на набљудувачи се поканети и министрите за
За Македонија во овој момент е битно да ја повтори својата евроатлантска ориентација, бидејќи како што знаеме почнаа да ја доведуваат во знак на прашање одредени експерти, па и политичари, пратеници на владеачката гарнитура
надворешни работи на Србија и Косово, но Србија не учествува на Состанокот. Поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин вели дека овој состанок Македонија треба да го искористи за да потврди дека се уште цврсто стои на патот кон НАТО.

,,За Македонија во овој момент е битно да ја повтори својата евроатлантска ориентација, бидејќи како што знаеме почнаа да ја доведуваат во знак на прашање одредени експерти, па и политичари, пратеници на владеачката гарнитура и затоа од тој аспект е добар овој состанок за да кажеме, еве Македонија сеуште мисли на НАТО."

Овој настан е важен за зголемување на довербата меѓу земјите од регионот, но нема да донесе ништо ново за приближување на „проблематичните“ држави во Алијансата, вели Ружин. Јадранската повелба се потиша веднаш по прашкиот самит на НАТО во 2003-та, по иницијатива на Соединетите
Понатаму денеска веќе доминира прашањето за името, ние сме во статус кво позиција меѓутоа добро е што другите земји од регионот влегуваат
Американски Држави. Од тогаш па до самитот во Букурешт во 2008, Јадранската повелба за Макеоднија, за Хрватска и за Албанија оди
гра голема улога, вели поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски.

,,Се покажа како навистина ефикасно оружје за зголемување на регионалната соработка, за заедничките инвицијативи што ги имаат сите три држави и во тој дел одигра една историска улога може да се каже. Понатаму денеска веќе доминира прашањето за името, ние сме во статус кво позиција меѓутоа добро е што другите земји од регионот влегуваат."

Со овој состанок се заокружуваат активностите во рамките на македонското Претседателство со Повелбата. Согласно веќе утврдениот редослед, во првата половина на 2011 година со Повелбата ќе претседава Црна Гора.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG