Достапни линкови

Превирања во ФФМ, неинтересни натпревари, финансиски проблеми, организациски слабости, недостаток од работа со млади таленти - проблеми на македонскиот фудбал.

Изминатиот викенд заврши есенскиот дел од фудбалското првенство, по кој на лидерската позиција ќе презими Шкендија. Прволигашот од Тетово заслужено стигна до овој успех, кој за жал не значи и напредок на мак - фудбалот. Напротив, зад нас е најслабата полусезона, со многу сомнителни резултати, а негативниот впечаток го комплетираа најреномираните - Вардар и Пелистер. Тие се убедливо последни, што најдобро говори за општата стагнација, која, да биде трагедијата поголема, никого не го изненади. Тоа е случај и со, до лани првиот стрелец во репрезентацијата, Ѓорѓи Христов, според кого, ова е резултат на:

,,Се што се случува во македонскиот фудбал во последните 20 години. Причини многу, организациски слабости на Федерацијата, на државата, никакви услови, никакви терени, недостаток од работа со младите
Многу луѓе незнаат со што се ние се соочуваме, се закануваше и опасност Вардар да згасне, затоа што неможeвме ние неколку луѓе оставени на милост и немилост да се бориме со сите проблеми. Тоа го знаеме најдобро само јас и фудбалерите, но и покрај тоа оваа есенска сезона освоивме добри 16 бода
категории."

Вели Христов, кој првите фудбалски чекори ги направи во Пелистер. Таму десет месеци се водеше битка за раководење со клубот, за минатиот месец судот тоа право да му го даде на Круме Волнаров, иако до тогаш конците ги влечеше Ванчо Атанасов. Уште полошо беше во Вардар, каде што за 2,5 години се сменија десетина претседатели, кои ветуваа дури и настап во Лигата на шампиони. Но, место тоа летоска клубот беше оставен сам на себе, со забрана за ангажирање нови фудбалери и со многу долгови. Во таква ситуација, без ниту денар надомест, полусезоната ја одработија младинците, па за тренерот Ѓорѓи Тодоровски и претпоследното место на табелата, со девет бодови помалку од бараж зоната, е успех.

,,Многу луѓе незнаат со што се ние се соочуваме, се закануваше и опасност Вардар да згасне, затоа што неможвме ние неколку луѓе оставени на милост и немилост да се бориме со сите проблеми. Тоа го знаеме најдобро само јас и фудбалерите, но и покрај тоа оваа есенска сезона освоивме добри 16 бода."

Изјави Тодоровски, кој е оптимист пред пролетната борба за опстанок. Адут за такво нешто му е најавеното враќање на екс спонзорот Брацо Вујчиќ, што навестува засилувања во играчкиот кадар и финансиска стабилизиција. Христов се надева дека такво нешто ќе му се случи и на Пелистер, но многу позначајно е да се овозможат услови за развој на фудбалот. А, за тоа е потребно:

,,Федерацијата да обезбеди максимално коректно, возбудливо, неизвесно првенство, потоа државата да направи нешто што ќе ги привлече компаниите за спонзорирање на клубови и посериозно да се обрне внимание на младите категории."

Додаде Христов.
XS
SM
MD
LG