Достапни линкови

ЕУ: датумот за преговори со Македонија оставен за наредните 6 месеци


Министерскиот совет на Европската Унија заклучи дека за одредување датум за почеток на пристапните преговори со Македонија ќе се дискутира за време на унгарското претседателство во Унијата. Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на состанокот во Брисел ги нотирале оценките на ЕК дека Македонија ги исполнила политичките критериуми и повторената препорака за отворање на пристапните преговори, но, како што се наведува во усвоениот заклучок, ќе се навратат на ова прашање за време на идното претседателство. Продолжувањето на добрососедските односи, вклучувајќи и заеднички прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН е од суштинско значење. Советот го поздравува воспоставениот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Грција и очекува тој наскоро да донесе резултати, стои во документот.
XS
SM
MD
LG