Достапни линкови

ЕУ: Србија добро напредува


Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија заклучија дека Србија „добро напредувала“ во спроведувањето на обврските од Спогодбатата за стабилизација и асоцијација и повторија оти Белград може да го забрза напредокот кон Унијата, вклучително и добивањето кандидатски статус, штом ги исполни непходните услови. Министрите на ЕУ на вчерашната седница посочија и дека Србија го одржала доброто ниво на соработка со Хашкиот трибунал и остварила позитивни резултати, но сепак останува фактот дека двајца обвинети за воени злосторства се уште се во бегство. Советот повтори и дека ЕУ е подготвена да посредува во претстојниот дијалог меѓу Белград и Приштина.
XS
SM
MD
LG