Достапни линкови

Нов претставник на САД за Авганистан и Пакистан


Френк Руџеро е наименуван за привремен американски специјален претставник за Авганистан и Пакистан, по смртта на Ричард Холбрук. Руџеро ја вршеше должноста заменик на Холбрук од јули годинава, а претходно работел како висок цивилен претставник на САД во Авганистан. Стејт департментот соопшти дека очекува продолжување на американската политика спрема Авганистан и покрај смртта на Холбрук. Портпаролот Филип Кроули изјави дека Руџеро ја придружувал државната секретарка Хилари Клинтон на состанокот во Белата Куќа посветен на стратегијата за Авганистан и Пакистан.
XS
SM
MD
LG