Достапни линкови

Асанж уште најмалку два дена во затвор


Шведските власти ќе се жалат на вчерашната одлука на судот во Вестминстер да го пушти основачот на Викиликс Џулијан Асанж на условна слобода со кауција од 200 илјади фунти. Според адвокатите на Асанж, тоа значи дека ќе минат уште најмалку 48 часа пред да биде можно неговото ослободување од затворот во Лондон. Асанж беше уапсен пред една недела врз основа на потерница на Интерпол издадена на барање од Шведска, која го обвинува за сексуално насилство.
XS
SM
MD
LG