Достапни линкови

Брамерц : Забележан е напредок во соработката на Србија и Хрватска со Хаг


Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц денеска во Брисел пред министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија изјави дека е забележан напредок во соработката на Србија и Хрватска со Судот во Хаг, но се уште постојат значителни проблеми. Брамерц додаде дека Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ обвинети за воени злостортва се уште се на слобода и потребно е вложување на поголеми напори за нивно приведување. Тој истакнал дека српските власти не делуваат многу заинтересирани за истрагата а од хрвстките власти се уште очекува очекува од хрватските власти да ги добие „артилериските дневници“ од операцијата на хрватската армија „Бура“ јавува новинската агенција Бета.
XS
SM
MD
LG