Достапни линкови

Етнички тензии во Русија


Руската полиција се подготвува за утрешните најавени судири

Руската полиција се подготвува за утрешните најавени судири

Руската полиција денеска ја подигна готовноста на највисоко ниво поради повикот за вооружување на ултранационалитичкото движење против муслиманските доселеници. Организацијата наречена „движењето против илегални имигранти“ им порача на жените и децата во Москва да останат дома а руските мажи да се вооружат и в среда да излезат масовно на улиците. Ваквите повици за пресметка меѓу националистите и вооружени банди од рускиот Северен Кавказ се објавени на интернет. Во последниве две недели етничките тензии во регионот се во пораст по убиството на фудбалерскиот навивач на Спартак.
XS
SM
MD
LG