Достапни линкови

Иванов: Единствена алтернатива за Македонија се ЕУ и НАТО


Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во своето годишно обраќање во Собранието изјави дека нема друга алтернатива за Македонија и регионот освен европските интеграции и затоа стратегиска определба на земјата е членство во НАТО и ЕУ. Иванов додаде дека евроатланскиот пат го попречува Грција со проблемот околу името. Тој истакна дека Македонија сака решение на спорот, но само во рамките на грчко-македонската времена спогодба од септември 1995 година и со конечна одлука на граѓаните. Иванов ги повика сите политичари на обединетост и порача да не се злоупотребува ова прашање во дневната политика затоа што нанесува извесна штета, но како што вели најголемата штета ја нанесуваат некои грчките политичари.
XS
SM
MD
LG