Достапни линкови

Протести во Бугарија


Во Софија денеска е оддржан протест пред местото каде заседава бордот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, маларија и туберколоза.
Причина за протестот е укинувањето на средствата во средно развиените европски држави за борба против овие болести, меѓу кои од минатата година се наоѓаат Русија, Романија, Турција, Естонија и Хрватска, а од оваа година и Србија, Бугарија, Црна Гора, Казахстан и Белорусија.
На годинешното 22-ро заседание на бордот на Глобалниот фонд за борба против СИДА-та, маларијата и туберколозата, ќе учествуваат околу 300 претставници од 75 земји, а заседанието ќе траe до среда.
XS
SM
MD
LG