Достапни линкови

ЕУ ќе донира 10 милиони евра за Хаити


Европската комисија денеска соопшти дека ќе донира уште 10 милиони евра за жртвите од епидемијата на колера во Хаити. До сега ЕУ донираше 12 милиони евра. Еврокомесарот за кризни ситуации и хуманитарна помош Кристалина Георгијева изјави дека насилството на Хаити им пречи во функционирањето на хуманитарните организации.
Според последните податоци во октомври во Хаити умреле над 2 илјди луѓе заболени од колера а за време на земјотресот на 12 јануари загинаа над 250 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG