Достапни линкови

logo-print

СДСМ бара оставка од министерката за култура


Опозицската партија СДСМ побара од министерката за култура Елизабета Канческа Милевска да поднесе оставка или да биде разрешена. Игор Ивановски од СДСМ на прес конфернција изјави дека за аферата „патриотска метла“ се жртвуваат тројца државни службеници, а одговорноста е исклучиво кај министерката. Тој најави дека на партијата ќе поднесе до Јавното Обвинителство кривични пријави против неа.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за каква било одговорност во врска со случајот со уништување деловни книги и изјави дека МВР ги потврди ставовите на Министерството и констатираше дека недостасува само дел од документација, од посочените 14 предмети и никакви финансиски импликации од направениот пропуст, ниту пак е исчезната финансиска документација и финансиски договори со милионски суми.
XS
SM
MD
LG