Достапни линкови

Авганистан веќе три месеци по изборите е без Собрание


Околу 100 авганистански парламентарци денеска побараа од премиерот Хамид Казраи да го инагурира новиот Парламент до 19 декември и покрај недоразбирањата околку изборните измами.
Авганистан е без Собрание од 18 септември, кога се оддржаа изборите. Новинските агенции јавуваат дека викендов официјални лица побарале од судот да ги соопшти резултатите, но група парламентарци таквото барање го сметаат за мешање во изборниот процес. Јавниот обвинител соопштил дека сака да ги истражи обвинувањата за корупција на Изборната Комисија. Комисијата претходно дисквалификува 24 пратеници односно 10% од вкупните пратенички места.
XS
SM
MD
LG