Достапни линкови

Северна Кореа се заканува со нуклеарна војна


Северна Кореа денеска ја предупреди Јужна Кореа дека нејзината соработка со Соединетите држави и Јапонија би можело да доведе до нуклеарна војна на поделениот полуостров. Предупредувањето е дел од коментарот на државната новинска агенција, по повод денешниот почеток на петдневната артилериска вежба на јужнокорејската морнарица. Северна Кореа во минатиот месец истрела неколку гранати врз еден јужнокорејски остров при што имаше неколкумина загинати.
XS
SM
MD
LG