Достапни линкови

Пратениците недопирливи


Собрание на РМ

Собрание на РМ

Можат да не доаѓаат на работа, а да земаат плата, како во случајот со ДПА, користат високи дневници, уживаат имунитет... Кој ја контролира работата на пратениците?

Пратениците недопирливи. Можат да не доаѓаат на работа, само да се јават и да го оправдаат своето отуство, и покрај тоа да земаат плата. Користат службени возила или им се плаќа за гориво ако возат сопствени автомобили, имаат имунитет, не работат во петок. Земаат плата, а не мора ни да се појават на говорница. Има многумина народни избраници кои ниту еднаш не се јавиле за збор, не предложиле некоја иницијатива да се промени нешто во местото
Сме имале бојкот од страна на партии. Не се случило да има било каква санкција, тоа е невозможно според мое мислење, да ги плашиме со санкции.
од каде доаѓаат или пак се појавуваат во собраниската сала само кога треба да се гласа некој закон. Се поставува прашањето: Кој и дали ја контролира работаат на пратениците?

Пратеникот Стојан Андов кој има долг пратенички стаж и искуство како претседател на Собранието вели дека само граѓаните можат да ги санкционираат пратениците кои не си ја вршат својата работа и го бојкотираат собранието.

Отворен ден во Собранието на 21 мај 2009 година

„Сме имале бојкот од страна на партии. Не се случило да има каква било санкција, тоа е невозможно според мое мислење, да ги плашиме со санкции. Треба да се постигне некаков политички сојуз, да бидат убедени дека нивното присуство во Собранието и за нив е покорисно, отколку отсуството.“

Се останува на свеста на пратениците, вели неговиот колега Тито Петковски.

„Според изборниот модел пратениците влегуваат во Собранието на
Според изборниот модел пратениците влегуваат во Собранието на пропорционална листа и тие се одговорни само пред раководството, односно лидерството на политичката партија, а не и пред
граѓаните.
пропорционална листа и тие се одговорни само пред раководството, односно лидерството на политичката партија, а не и пред граѓаните. ’Папочната врска‘ меѓу избирачите и пратениците практично се пресекува во моментот кога пратениците ќе влезат во Парламентот.“

Пратеничката група на ДПА од август минатата година не доаѓа на седници, а пратениците не се санкционирани и земаат плати. Нивното отсуство ја чини државата околу 100 илјади евра, затоа што тие редовно земаат плата од околу 1200 евра месечно.
Според Уставот, сите пратеници се должни да доаѓаат на седници. За оние што ќе го прекршат правилото и нема да се појават во парламентот повеќе од шест месеци се покренува постапка за одземање на нивниот мандат, вели професорот по уставно право Осман Кадриу.

„Зошто не се поставено тоа прашање и зошто не се иницира тоа прашање за да се заземе став по него и Парламентот да донесе одлука, тоа е негова одговорност.“

За еден пратеник да остане без својата функција треба да гласаат најмалку 80 народни избраници. Работата на пратениците во неколку наврати беше оценувана со оценка 3, според анкетите кои за потребите на собранието ги спроведуше Институтот за демократија. Но, на анкетата објавена пред неполн месец, пратениците потфрија и добија оценка 2,4.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG