Достапни линкови

logo-print

Жбогар: Словенија се залага за Македонија


Шефот на словенечката дипломатија Самуел Жбогар

Шефот на словенечката дипломатија Самуел Жбогар

,,Словенија останува активен поддржувач на интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО и тоа го потврдува на сите политички форуми.,, Ова го пишува шефот на словенечката дипломатија Самуел Жбогар во одговорот на писмото што македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски во почетокот на месецов го упати до него и до другите колеги од земјите на Унијата. Во писмото се додава дека Љубљана ќе се заложи на претстојниот состанок на Европскиот совет да биде одреден датум за почеток на пристапните преговори, а се надева и дека ќе се најде компромисно решение за прашањето за името.
XS
SM
MD
LG