Достапни линкови

Граѓаните против нов закон за РТВ Словенија


Мнозинството избирачи во Словенија кои излегоа на вчерашниот референдум се изјаснија против новиот закон за Радио телевизија Словенија. На референдумот излегоа 15 насто од граѓаните со право на глас, а од нив 73 насто се изјаснија против законот. Референдумот за овој закон што неодамна беше усвоен во парламентот го побараа пратениците на опозиционата Словенечка демократска партија на Јанез Јанша и Националната партија.
XS
SM
MD
LG