Достапни линкови

logo-print

Демократската партија на Косово во водство по изборите


Лидерот на Демократската партија на Косово Хашим Тачи на денот на изборите

Лидерот на Демократската партија на Косово Хашим Тачи на денот на изборите

Премиерот на Косово Хашим Тачи и неговата Демократска партија се во водство на првите избори во Косово откако земјата прогласи независност од Србија пред речиси три години. Според резултатите на невладината „Демократија на дело“, од преброените 31,7 проценти од гласовите, Демократската партија освои 34,4 отсто. На второ место е Демократскиот сојуз на Косово со освоени 25, 36 проценти од гласовите, а на трето движењето „Самоопределување“ со освоени 11,97 проценти. Официјалните изборни резултати се очекуваат подоцна денеска.
Централната изборна комисија на Косово соопшти дека на парламентарните избори во земјата излегле 47,8 отсто од гласачите или околу 779 илјади луѓе со право на глас. Изборите ги надгледуваа 32.021 набљудувач од кои 493 преставници на меѓународни организации. Командантот на КФОР Ерхард Билер изјави дека вчерашните избори во Косово преставуваат успех за безбедноста и стабилноста на земјата. За изборниот ден КФОР распореди 1.140 свои војници низ земјата, подготвени да преземат соодветни мерки доколу е потребно, изјави командантот Билер.
XS
SM
MD
LG