Достапни линкови

logo-print

Санадер ги отфрлува обвинувањата, неговиот имот блокиран


Иво Санадер при апсењето во Австрија

Иво Санадер при апсењето во Австрија

Блокирани се сметките и имотот на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер кој се наоѓа во притвор во Австрија, изјави Динко Цвитан директорот на Одделот за борба против корупција и организиран криминал. Тој изјави дека јавното обвинителство е „далеку од подигање на обвинение“, затоа што треба да се испитаа околу 100 сведоци и да се направи финансиско вештачење. Цвитан изјави и дека е прерано да се говори за висината на евентуалната затворска казна на Санадер. Поранешниот хрватски премиер е осомничен за злоупотреба на функцијата и за финансиски малверзации. За време на сослушувањето од страна на австриски судија, Санадер ги отфрли обвинувањата, соопшти неговиот адвокат.
XS
SM
MD
LG