Достапни линкови

logo-print

Познатите повикуваат за ослободување на Иранката Аштани


Повеќе од 80 уметници, академици и политичари, вклучувајќи го и американскиот актер Роберт Редфорд и британскиот пејач Стинг - се потпишаа во писмото со кое се повикуваат иранските власти да ја ослободат Сакине Мохамади Аштани, иранката осудена на смрт со каменување поради извршената прељуба. Во јавното писмо упатено до иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Камнеи и претседателот Махмуд Ахмадинеџад се вели дека Аштани има претрпено доволно. Писмото е објавено на страниците на весникот Тајмс. Во писмото се повикува Иран веднаш да ги ослободи Аштани, нејзиниот син и нејзиниот адвокат кои се наоѓаат во затвор. Францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер, високиот преставник за надворшена политика на ЕУ Катрин Ештон, американскиот актер Роберт Де Ниро и лауреатот за Нобелова награда за литература Воле Сајунка се исто така меѓу потписниците.
XS
SM
MD
LG