Достапни линкови

Над 30% излезност на изборите во Косово до 15 часот


Косово, парламентарни избори

Косово, парламентарни избори

Централната изборна Комисија во Косово соопшти дека до 15 часот над 550 илјади луѓе или 34 проценти од гласачите излегле да гласаат. Според податоците на српските партии до 16 часот над 15 илјади луѓе или 27% од гласачкото тело во српските општини од јужниот дел на Косово го искористиле правото на глас на денешните паралментарни избори.
Косовската Комисијата оцени дека до сега изборниот процес се одвива во мирна и демократска атмосфера со исклучок на два помали инцидента.
Косовката полиција соопшти дека по инцидентите се приведени две лица кои користеле пиротехнички средства. Најмалку 40 косовски Срби протестирале и привремено оневозможиле отварање на едно гласачко место.
XS
SM
MD
LG