Достапни линкови

logo-print

Кривични пријави за аферата „Патриотска метла“


Македонското министертво за внатрешни работи соопшти дека ќе поднесе кривични пријави до Јавното Обинителство за тројца вработени во Министерството за култура поради сторено кривично дело фалсификувањe или уништување на деловни книги. Во соопштението на министертвото се вели дека државните службеници извршиле уништување на делoвни книги и документи од тендерска документација за 14 јавни понуди распишани во 2007 и 2008 ма година од Mинистерството за Kултура.
СДСМ во писмена рекција на ова соопштение вели дека со кривичните пријави од МВР се утврдува дека проектот „Скопје2014“ е портокалова пералница за пари и дека сo исчезнувањето и уништувањето на тендерската дoкументација е сторен обид да се покрие криминално работење.
Министерството за култура го поздрави затворањето на случајот со фалсификување или уништување деловни документи и соопшти дека не станува збор за исчезнување на договори од милионски суми за проектот „Скопје 2014“.
XS
SM
MD
LG