Достапни линкови

100 милиони долари за нови лични карти во Авганистан


Авганистанската влада соопшти дека планира да потроши 100 милиони долари во наредните 5 години за електронски идентификациски систем. Според планот, граѓаните ќе добијат еден документ за идентификација со големина на паричник во кој ќе се наоѓа чип со лични податоци, легитимација за гласање, возачка дозвола и сообраќајна исправа.Министерството за комуникации соопшти дека дека таквиот систем ќе помогне во одржување на потранспарентни и ефикасни избори. Во продолжение на соопштението се вели дека еден од проблемите на минативе избори бил токму идентификацијата.
XS
SM
MD
LG