Достапни линкови

Германија и Индија склучија договор за зголемување на трговската размена


Германската канцеларка Ангела Меркел и индијскиот премиер Манмохан Синг на синоќешната средба во Берлин се договорија да ја зголемат трговската размена од досегашните 13 милијарди евра на 20 милијарди евра до 2012 година.
Двајцата лидери се согласија дека постои можност за зајакнување на меѓусебната трговија во областа на високите технологии. Меркел и Сингх разговараа и на темата за реформа во Советот за безбедност на ОН, со цел да добијат постојани места во него.
XS
SM
MD
LG