Достапни линкови

logo-print

Шведската тајна служба потврди- станува збор за терористички напад


Шефот на шведската тајна служба Андерс Торнберг денеска потврди дека вчерашните две експлозии се „терористички акт“ и дека е отворена истрага за инцидентот. .При двете експлозии во центарот на градот едно лице загина а две се ранети. Имамот на најголемата џамија во Стокхолм шеик Хасан Муса ги осуди „сите видови на насилство и закани насочени кон невини цивили без разлика на мотивите“.Шведскиот министерот за надворешни работи Карл Билт изјави денеска дека Стокхолм избегна катастрофа по вчерашниот неуспешен обид за терористички напад.
XS
SM
MD
LG