Достапни линкови

Друцас:Скопје знае што треба да направи


Грција има волја за решавање на спорот со името и сака земјата што побргу да се приклучи кон европското семејство, но Скопје добро знае што треба да направи за да се случи тоа. Ова го изјави грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Дуцас по вчерашната трилатералната средба во Софија со неговите колеги од Бугарија и од Србија Николај Младенов и Вук Јеремиќ. Шефот на бугарската дипломатија Младенов, изјави дека Бугарија гледа на спорот за името како на билатерално прашање, но смета дека е крајно време да се најде разумен компромис што ќе и овозможи на Македонија да оди напред.Тој додаде дека Скопје треба да ги исполни трите критериуми за евроинтеграцијата – прифаќање на европското законодавство, регионална соработка и добрососедски односи.
XS
SM
MD
LG