Достапни линкови

Ирански новинар осуден поради навреда на Ахмадинеџад


Претседателот на иранското здружение на новинари Машалах Шамсолваезин денеска изјави дека е осуден на 16 месеци казна затвор поради навреда на претседателот Махмуд Ахмадинеџад и за поткопување на исламскиот режим. Тој во интервју за новинаската агенција Франс прес изјави дека поради интервјуата за странски медиуми е осуден на една година затвор со образложение дека го поткопува исламскиот режим , додека за изјавата дека Аџмадинеџад е мегаломан кажана на Ал Арабија ТВ добил плус 4 месеци затворска казна.
XS
SM
MD
LG