Достапни линкови

logo-print

Отворени гласачките места во Косово


Денеска во Косово се оддржуват вонредни парламентарни избори, прв пат откако земјата прогласи независност.Според предизборните анкети се очекува трката да се води меѓу Демократската партија на сега поранешниот премиер Хашим Тачи и неговиот ривал Демократската лига за Косово предводена од градоначалникот на Приштина Иса Мустафа.
Околу 1,6 милиони жители ќе гласаат денеска за да изберат 120 пратеници. Девет претенички места се резервирани за косовските Срби, но според предизборните анкети, нивната излезност ќе биде мала поради барањето на Србија да ги бојкотираат изборите.
Европската Унија вчера ги повика сите политички партии да придонесат за фер и слободни избори во демократска атмосфера.
XS
SM
MD
LG